АИ: Загрижени заради условите под кои Ел Чапо е затворен во САД

Од:

Организацијата Амнести Интернешенел (АИ) соопшти дека е загрижена за тоа како американската затворска служба постапува со мексиканскиот нарко бос Хоакин Ел Чапо Гусман.

Претставник на АИ побарал пристап до затворското крило со максимално обезбедување во затворот на Менхетн, каде се наоѓа Гусман, бидејќи сакал да разговара со него за извештаите дека тешките услови му штетат на неговото здравје, пренесуваат американските медиуми.

Канцеларијата на американскиот државен обвинител одби да даде коментар на овие тврдења.

Гусман (59) во јануари беше префрлен во САД за да се соочи со обвинувањата дека ја надгледувал меѓународната операција на трговија со дрога вредна повеќе милијарди долари, потсетуваат американските медиуми.

Неговите адвокати навеле дека е затворен во ќелијата 23 часа дневно и дека не му е дозволен каков било контакт со сопругата.

Обвинителството наведе дека овие мерки се адекватни за некој кој двапати бегал од затвор во Мексико.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски