Најмалку 175 луѓе биле егзекутирани во Саудиска Арабија во изминатите 12 месеци, се вели во извештај на Амнести интернешнал.
Во него се додава дека постојат недостатоци во судскиот систем на кралството и ги повикуваат властите во Ријад да објават мораториум врз егзекуциите.
Од почетокот на годината во таа држава се егзекутирани 123 луѓе според независно пребројување на западни медиуми. Меѓу оние врз кои била извршена смртна казна се и малолетни и лица со психички заболувања, јави ДПА.