АИ: Сириските бегалци кои се враќаат се соочуваат со тортура и насилство

Од:

Десетици Сиријци кои се враќаат дома од странство се приведени, исчезнати и измачувани од безбедносните сили, соопшти Амнести интернешенл, предупредувајќи дека Сирија се уште не е безбедна за враќање назад.

Во извештајот со наслов „Враќање во смрт“, организацијата документираше серија прекршувања на безбедносните сили против 66 Сиријци, вклучувајќи 13 деца кои се вратија од 2017 година досега.

АИ наведува дека случаите докажуваат „оти ниту еден дел од Сирија не е безбеден за враќање“.

– Сириските разузнавачки служби ги подложија на илегален или произволен притвор, тортура и други лоши постапки, вклучително сексуално и друго насилство, како и присилно исчезнување, жени, деца и мажи кои се враќаат во Сирија, истакна групата за заштита на човекови права.

Меѓу наведените случаи, АИ документираше пет случаи на повратници кои починаа во притвор. Судбините на 17 други, кои насилно исчезнале, остануваат непознати, соопшти групата.

Организацијата документираше и 14 случаи на сексуално насилство извршено од безбедносните сили, вклучително и седум случаи на силување врз пет жени, тинејџерка и петгодишно девојче.

– Секоја влада која тврди дека Сирија е веќе безбедна, намерно ја игнорира ужасната реалност на теренот, додава АИ, повикувајќи ги европските влади „веднаш да престанат со секоја практика која директно или индиректно ги принудува луѓето да се вратат во Сирија“.

Повеќе од 6,6 милиони Сиријци побараа засолниште во странство од почетокот на конфликтот во 2011 година, а повеќето од нив се населија во соседните земји како што се Турција и Либан. Данска, Шведска и Турција неодамна го зголемија притисокот врз бегалците да се вратат дома по една деценија војна, тврдејќи дека поголемиот дел од земјата сега е безбедна.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка