„Амнести интернешнл“ денеска ја повика Европска комисија да ги „употреби сите средства за Унгарија да ги почитува, штити и исполнува правата на бегалците и мигрантите во Европска унија, во согласност со меѓународното право“.
АИ „со жалење и загриженост констатира дека Унгарија им предизвикува страдање на мигрантите и им ја влошува ситуацијата на бегалците кои побарале заштита“.
Таквата оценка невладината организација за заснова на воведувањето на новите закони во Унагрија.
Законите стапија во сила на 5. јули и се однесуваат на државната граница и претстојот на државјани од трети земји на територијата на Унгарија. Со законите им се овозможува на властите да ги уапсат и спроведат азилантите кои ќе ги пронајдат во област од осум километри оддалеченост од границата.