АИ остри ја искритикува „нагласено исполитизираната“ пресуда за украинскиот пилот Надежда Савченко

Од:

„Амнести интернешенел“ експресно побара повторно разгледување на судскиот предмет против украинскиот пилот на хеликоптер Надежда (Надја) Савченко по денешната „нагласено исполитизирана“ осудувачка пресуда на рускиот суд против неа под обвинение за убиството на двајца руски новинари, пренесе ДПА.

Савченко денеска беше прогласена за виновна во предметот, а утре ќе и биде изречена и казната.

-Ужасувачки е Надја Савченко да биде пратена во затвор во таков еден хаотичен и силно исполитизиран процес, изјави Џон Далхаузен, директор на одделот на „Амнести интернешенел“ за Европа и Централна Азија, со седиште во Лондон.

„Единствениот начин на кој може да се постигне праведност, како за Надја, така и за убиените новинари, е да се спроведе целосна и непристрасна истрага на фактите и да има повторено отворање на предметот, во кој ќе нема политическа интервенција и кој ќе одговара на меѓународните стандарди за праведен процес“, посочи уште Далхаузен.
Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПАСЕ), исто така, реагираше на пресудата за Савченко, која е и украински пратеник и член на ПАСЕ, информира прес службата на Собранието на СЕ.
-Со голема загриженост ги следам судските рочишта. Денеска, кога судот ја прочита својата пресуда, и со оглед на сериозните сомнежи во однос на праведноста на нејзиниот процес, како и на законитоста на нејзиното префрлање на територијата на Руската федерација,  веднаш повикувам на итно ослободување на Надја Савченко во согласност со наредбите на Општата спогодба за привилегиите и имунитетите на Советот на Европа, како и согласно обврските на Русија според силата на договорот од Минск, изјави Педро Аграмунт, претседателот на ПАСЕ.

Би можело да ве интересира

АИ: „Договорот на векот“ му противречи на меѓународното право

Ана Ололовска

АИ ѝ ја одзеде наградата на Аунг Сан Су Чи

Наум Локоски

АИ до светските лидери: Притиснете ја Турција да ги ослободи активистите

Наум Локоски

АИ со критика поради забраната на невладини организации во Турција

Емир Латифовиќ

АИ ја повика Турција да не применува смртна казна по обидот за преврат

Емир Латифовиќ

АИ остро ја критикува Унгарија поради мигрантите

Емир Латифовиќ