АИ: Кризата во Европа поттикнува ксенофобично однесување кон бегалците и имигранти

Од:

Положбата на бегалците и имигрантите, кои бараат спас од војните и економските потешкотии се влошува во Европа, каде финансиската криза и економиите ја зајакнуваат нетрпеливоста кон овие лица, се наведува во годишниот извештај за човековите права на организацијата Амнести интернешнл.

Во извештајот се споменува Грција и нејзините нови строги имиграциски закони, како и депортирањето од Италија на лица, кои бараат азил.

– Во двете земји АИ констатира сериозни проблеми, изјави Салил Шети, главен секретар на организацијата.

Тој ги поврзува моменталната економска состојба со ксенофобичното однесување кон бегалците и имигранти во некои европски земји.

Грција минатата година воведе закони, со кои се одобрува задржувањето на нелегални имигранти и бегалци врз различни основи, меѓу кои на пример сомневање дека пренесуваат заразна болест, се вели во извештајот.

Со друга измена на полицијата и се дозволи да го продолжи максималниот период на задржување од три до шест месеци на лице, кое се обидува да добие азил, за уште 12 месеци.

– Од август до крајот на годината голем број бегалци и нелегални имигранти, меѓукои и голем број граѓани на Сирија, кои бегаат од конфликтите во нивните земји, се држат во мошне лоши услови во полициски станици или се оставени без покрив над главата, се додава во извештајот.

Во февруари Европскиот суд за човекови права утврди дека Италија ги нарушила меѓународните норми во однос на почитувањето на човековите права во врска со враќањето на лица во нивната родна земја, за кои постои ризик да бидат малтретирани таму.

Би можело да ве интересира

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он

Чешка и Полска бараат украинските бегалци да почнат сами да се грижат за себе

А1он

Митаракис: Грција спречува нелегални заминувања од земјата

А1он