Турција привела, малтретирала и протерала многу сириски и ирачки бегалци од септември до денес, објави Организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешнл“ (АИ).
– Турските власти задржале и затвориле многу голем број можеби стотици бегалци и кандидати за азил, се наведува во извештајот на АИ, што е објавен пред новиот Самит посветен на мигрантската криза во Брисел.
Турските власти ги демантираат таквите тврдења.
– Ние категорично демантираме дека сириските бегалци биле принудени да се вратат во Сирија, изјави неименуван турски претставник.
Тој додаде дека Анкара се гордее дека примила на своја територија 2.5 милиони сиријски и ирачки бегалци.