АИ: Измачувањето е редовна пракса во Украина

Од:

Украинската војска и проруските сепаратисти редовно практикуваат измачување и други видови на злоупотребувања на затвореници, но и на цивили, се наведува во извештајот, кој денеска го објави невладината организација Амнести Интернешнл.

Поранешни затвореници тврдат дека биле тепани до степен на кршење на коските, измачувани со електрична енергија, удирани со нож или не им било дозволено да спијат со денови, се наведува во извештајот.

Невладината организација за заштита на човековите права нагласува дека се сослушани 33 поранешни затвореници, од кои 17 биле заробени од сепаратистите, а 16 од украинските сили.

АИ наведува дека нивните сведочења се поткрепени со дополнителни докази, како што се „снимки на скршени коски, медицински извештаи, фотографии со траги од удари и други рани, лузни и скршени заби“.

Организацијата наведува дека оваа „шокантна“ пракса ја применуваат и двете страни.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски