АИ: Ирачките шиитски милиции извршуваат воени злосторства

Од:

Обезглавувањата и масовните убиства, кои изминатиот период ги изврши џихадистичката организација „Исламска држава“ привлекоа големо внимание изминатиот период, но шиитските милиции, кои ја поддржуваат ирачката Влада исто така извршуваат ужасни злосторства, соопшти Амнести интернешнл.

– Милициите киднапирале и убиле десетици цивили сунити изминатите месеци и не се подложени на никаква казна поради тие воени злосторства, нагласува организацијата за заштита на човековите права.

Во извештајот се изнесени сведочења на цивили, чии роднини исчезнале. Во многу случаи нивната судбина останала непозната недели или месеци по исчезнувањето.

АИ истакнува дека милициите одговорни за тие дела се поддржувани и вооружувани од ирачката Влада.

Здравствени работници изјавуваат за АИ дека примиле десетици тела на неидетификувани мажи со рани од огнено оружје во главата, а рацете често пати им биле врзани.

– Фотографиите од телата прикажани од роднините на жртвите или од мртовечницата во Багдад, откриваат систематски модел на убиства со цел, нагласува АИ.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак