АИ: Богатите држави ја одбегнуваат одговрноста да примат бегалци

Од:

Американската организација за заштита на човековите права Амнести Интернешенел (АИ) ги обвини најбогатте држави во светот, дека свесно ја одбегнуваат одговорноста да примаат бегалци на својата територија, откривајќи дека овие земји имаат примено најмалку луге.

Десет земји кои учествуваат со само 2,5 отсто во светскиот Бруто национален производ (БНП) згрижуваат повеќе од половината од 21 милион бегалци и раселени лица, се вели во најновиот извештај на АИ.

Генералниот секретар на АИ , Салил Шети ги повика богатите, да примат повеќе бегалци и ја посочи Велика Британија, како „тажен пример“ на земја која нема успеано да преземе дел од својата одговорност кон бегалците.

Според податоците на ОН, Британија има примено осум илјади сириски бегалци, во последните пет години, сметајќи од 2011 година, пред да дојде до бегалската криза во Европа.

Ништо не е подобра ситуацијата и в САД, каде се сместени 12 илјади бегалци од Сирија, а нема ниту еден бегалец од оваа земја, каде пет години беснее гражанска војна, во Кина, Русија и во земјите од Персискиот залив кои се  едни од најбогатите во светот.

За разлика од нив, во Јордан, земја која има има БНП само 1,2 отсто од оној на Британија, се вдомени 650 илјади сириски бегалци. Во оваа земја има вкупно 2,7 милиони лица со статус на бегалци, што е најмногу од сите земји во светот.

На второ место е Турција со 2,5 милиони , па Пакистан со 1,6 милиони и Либан со 1,5 милиони бегалци од Сирија.

Владата во Лондон соопшти дека Британија дава пари и финансиски ги помага земјите со бегалци и целата бегалска криза, но АИ го отфрлија ваквото објаснување како недоволно и нефер.

АИ објасни дека е сосема некоректно решавањето на бегалскиот проблем да се уредува според принципот-еве ви пари, ама чувајте ги бегалците подалеку од нас.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он