Ахмад Аси Џарба избран за претседател на сириската опозициска

Од:

Најголемата опозициска група во Сирија – Сириската национална коалиција денеска на средба во Истанбул за свој претседател го избра Ахмад Аси Џарба.

Џарба е избран во втроиот круг на гласање во кој противкандидат му беше генералниот секретар на Коалицијата, Мустафа ал Сабаг, кој ја ужива поддршката на Катар, една од државите најголеми спонзори на опозицијата во Сирија.

Од друга страна, Џарба, кој е племенски лидер од источната сириска провинција Хасака, важи за човек поврзан со Саудиска Арабија.

На официјалната страница на Коалицијата на Твитер е објавено дека Џарба добил 55 од вкупно 115-те гласови на членови на Управниот совет на блокот.

Покрај претседател, Советот избра и тројца потпретседатли, меѓукои и еден од лидерите на сирискиот огранок на Муслиманското братство, Мохамед Фарук Тајфур.

Изборот на претседател на Коалицијата требаше да се одржи кон крајот на мај, но беше одложен, што беше оценето како доказ за неединството во блокот.

Џарба доаѓа на чело на опозицијата во време кога бунтовничките сили на теренот се повеќе отспатуваат пред офанзивите на сириските владини сили.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети