Агенти на ФБИ упаднаа во комплексот на кинескиот конзулат во Хјустон

Од:

Агенти на ФБИ и локалната полиција упаднаа во комплексот на кинескиот конзулат во Хјустон, откако американската администрација претходно нареди затворање на кинеската дипломатска мисија поради сомневања за шпионажа, јави Си Ен Ен.

Американските владини официјални претставници претходно им кажаа на новинарите дека вработените во кинескиот конзулат се осомничени дека „директно учествувале во комуникациите со истражувачите од научно-истражувачките установи во Тексас и вршеле влијание врз нив, со цел нелегално да се добијат чувствителни информации“.

Според американски претставник, активностите во конзултатот во Хјустон се само мал дел од нелегалните операции во кои се вклучени луѓе од над 25 различни локации.

Кинеското Министерство за надворешни работи оцени дека барањето од САД за 72 часа да запрат сите операции и активности во конзулатот во Хјустон како „ескалација през преседан во и онака тензичните односи меѓу двете земји“. На наредбата на САД за конзулатот во Хјустон, Кина одговори со барање за затворање на американскиот конзулат во Ченгду.

Би можело да ве интересира

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Се зголеми кинескиот извоз

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“