Агенцијата за национална безбедност на САД гради нов дата центар во Јута

Од:

Голем дата центар, во кој може да бидат сместени екстремно големо количество информации за граѓаните на САД, е во процес на изградба во американската сојузна држава Јута, јави ДПА.

Лоциран на 171 илјада квадратни метри, комплексот на Агенцијата за национална безбедност, ќе биде составен од 20 згради. Се очекува тој да почне со работа од септември.

Изградбата на центарот во градот Блуфдејл, во Јута, на тренинг базата на Националната гарда е во вредност од 1,2 милијарди долари.

Постоењето на објектот на околу 41 километар од Солт Лејк Сити не е тајна, но дури откако Едвард Сноудeн откри детали за тајното надгледување и прислушување на телефоните и на интернет мрежата од американската Агенција за национална безбедност, тој се најде во центарот на вниманието на медиумите.

Вистинската намена на центарот се чува во тајност, но од Агенцијата категорично ги отфрлаат тврдењата дека тој ќе служи за незаконско набљудување на граѓаните на САД.

Во мега базата ќе се чуваат информации со големина во зетабајти. Според американскиот производител на мрежни системи „Циско“ еден зетабајт податоци може да собере 250 милијарди ДВД.

Според поранешниот технички директор на Агенцијата Вилијам Били новиот центар ќе оперира со околу 5 зетабајти информации. Тој ќе има сопствена електроцентрала и ќе троши 65 мегавати електрична енергија, додека за одржување на системот ќе бидат ангажирани 100 инженери.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски