Агата Кристи била надгледувана од МИ5 поради еден шпионски роман

Од:

Најпознатата британска писателка на криминалистички романи Агата Кристи, во текот на Втората светска војна била надгледувана и следена од оперативците на британската контраразузнавачка агенција МИ5.

Причина за таквиот третман кон авторката, која ги создаде ликовите на детективите Херкул Поаро и госпоѓицата Марпл, е појавувањето на шпионскиот роман „Н и М“ што се појави во книжарниците во 1941 година, како и сомневањето на МИ5 дека Кристи има свој „шпион“ во разузнавачкиот центар во Блечли Парк. Во овој центар во англиската област Бакингамшајар, во текот на војната, експерти за декордирање работеа на пробивање на тајните шифри.

Појавувањето на романот се совпаѓа со работата за пробивање на нацистичката супер тајна шифра „Енигма“ па шефовите на МИ5 се исплашиле кога еден од ликовите во романот е наречен Блечли, кој во книгата уште тврди дека знае за „тајните на кои работат Британците“.

Експертите во Блечли Парк подоцна ќе ја пробијат „Енигма“ и тоа ќе им помогне на Винстон Черчил и на командантите на британската армија, да ги знаат сите планови и чекори на германската нацистичка армија, со што ќе се стекнат со огромна предност на фронтот.

Агата Кристи во романот ја опишува работата на двајца британски полицајци кои настојуваат да ги откријата нацистичките агенти со шифрирани имиња „Н“ и „М“. Во приказната се појавува и контроверзниот Блечли, кој е поранешен британски мајор, што бил на служба во Индија. Проблемите за писателката настанале и затоа што таа била блиска пријателка со еден од експертите за декодирање во центарот, па МИ5 верувале дека таа преку „својот човек“ знае што се прави во Блечли Парк.

Случајот од последната светска војна стана познат, после појавувањето на најновата книга за работата на центарот. Кристи на својот пријател еднаш му признала дека името на измислениот лик, мајорот Блечли го дала сосема случајно, откако еднаш заглавила на станицата Блечли Парк, додека патувала од Оксфорд за Лондон.

Би можело да ве интересира

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ