Африканските скакулци стигнаа до Израел

Од:

Израелските власти соопштија дека успешно успеале да се справат со првиот бран африкански скакулци, кои од Египет преку Синајскиот Полуостров стигнале до Израел.

Израелското Министерство за земјоделство соопшти дека по дводневното масовно прскање со отровни хемикалии биле уништени речиси сите скакулци.

Ројот скакулци минатиот вкенд стигна до Каиро, откако претходните денови нанесе сериозни штети на земјоделските производи во јужните делови на Египет.

Израелските валсти започнаа со подговка за справување со следниот бран скакулци, откако метеоролозите соопштија дека во следните денови Израел ќе го зафатат ветрови од правец на Египет, кои се очекува ќе доведат нови роеви од овие инсекти.

Медиумите во Израел објавија дека и покрај преземените превентуивни мерки, африканските скакулци уништиле околу 30 проценти од насадите со компири во јужноте делови на земјата.

Би можело да ве интересира

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски