АФД не го исклучи негаторот на холокаустот во своите редови

Од:

Лидерот на крајно националистичката „Алтернатива за Германија“ (АФД) во покраината Туринген Бјерн Хеке останува во редовите на германските популисти и покрај барањаа за негово отстранување поради неговите вербални напади на споменикот на Холокаустот во Берлин и културата на сеќавање на нацистичките злосторства.

Хеке на состанокот на АФД што се одржал вчера бил само опоменат да внимава во иднина но нема да сноси никаква одговорност во рамки на партијата.

Тој пред своите сопартијци се правдал дека бил погрешно интерпретиран, а целта на неговите изјави било да укаже дека Германија погрешно гледа на својата историја.

Во говорот што беше објавен на социјалните мрежи Хеке изјави дека споменикот на Холокаусот во Берлин е „споменик на срамот“ и повика промена од 180 степени во политиката на сеќавањето на нацизмот која што го осакатува германското општество.

Останувањето на Хеке во редовите на АФД ќе значи охрабрување за сите други десничарски популистички политичари кои што не го признаваат холокаустот

Со сегашната поддршка на национално ниво од околу 15 отсто во анкетите, АФД има големи шанси на изборите во септември со засилување на антиисламската и антибегалска реторика и формално да стане трета најсилна германска партија.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани