„Аерофлот“ од 8 март ќе лета само за Белорусија

Од:

Националната руска авиокомпанија Аерофлот ќе ги прекине сите летови во странство од 8 март, освен оние за Белорусија, објави денеска новинската агенција ТАСС.

Руската државна агенција за авијација денеска препорача руските авиокомпании кои изнајмиле странски авиони да ги прекинат патничките и карго летовите во странство од 6 март и од странство кон Русија од 8 март.

Оваа препорака е последица на проценките дека нивните авиони може да бидат запленети или блокирани во странство.

Европската унија, Велика Британија, САД и некои други земји ќе го затворат својот воздушен простор на почетокот на следната недела како дел од пакетот санкции воведени поради инвазијата на Украина.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски