Аеродромот во Хамбург евакуиран поради солзавец, исклучена можноста од напад

Од:

Германските пожарникари евакуираа стотици патници од аеродромот во Хамбург, откако над 50 лица се пожалиле дека имаат проблеми со дишењето или ги печат очите.

При пребарувањето на аеродромот пронајдена е празна боца гас, за која се претпоставува дека бил бибер спреј или солзавец. Властите ја исклучија можноста дека се работи за терористички напад.

Вкупно 68 патници примија лекарска помош поради проблеми со дишењето, иритација на очите и мачнини, а деветмина се примени во болница.

Портпаролот на пожарникарските служби изјави дека бибер спреј или слична супстанца најверојатно е одговорна за инцидентот. Германските медиуми наведуваат дека според пакувањето, станува збор за препарат кој се користи за самоодбрана.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани