Аеродромот „Шипол“ во Амстердам привремено затворен поради немање струја

Од:

Аеродромот „Шипол“ во Амстердам утринава беше привремено затворен поради снемување електрична енергија, што ги попречи сите активности на еден од најпрометните аеродроми во Европа.

– Властите наложија затворање на патиштата до „Шипол“, а прекинат е и железничкиот сообраќај поради „безбедноста на патниците“, се наведува во соопштението од аеродромот.

Аеродромската зграда е преполна со патници, кои чекаат да се отворат терминалите.

Патиштата кон аеродромот се отворени по еден и пол час, откако дошла струјата.

– Во текот на целиот ден ќе има промени во авиосообраќајот, рече портпаролот на аеродромот.

По лондонскиот „Хитроу“ и парискиот „Шарл де Гол“, амстердамскиот „Шипол“ е на трето место во Европа по бројот на патници.

Би можело да ве интересира

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација