Аеродромот Лондон Сити евакуиран поради „инцидент со хемикалија”

Од:

Аеродромот Лондон Сити беше евакуиран денеска, каде полицијата истражува „инцидент со хемикалија”, соопшти ТВ Скај њуз, цитирана од ДПА и ТАСС.

Околу 500 патници и членови на персоналот се евакуирани. Неколку луѓе се пожалиле дека не се чувствуваат добро. Засега не е позната причината за инцидентот.

Лондонската служба за итна помош соопшти дека испратила тим за реакција при ризични ситуации.

Аеродромската управа соопшти дека на патниците им било наредено да го напуштат терминалот денеска попладне, откако се вклучил алармот за пожар. Појдовните летови се привремено запрени, а неколку летови се пренасочени кон други аеродроми.

Лондонската служба за брза помош соопшти дека прегледала 26 лица со респираторни тешкотии. Двајца од нив се однесени во болница.

Лондон Сити е најмалиот меѓународен аеродром во британската престолнина.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство