Аеродромите во Сочи и Казан затворени од безбедносни причини

Од:

Со цел да се обезбеди безбедност на летовите на цивилните авиони, утрово се воведени привремени ограничувања за работата на аеродромите во Сочи и Казан, соопшти руската служба Росавијација.

Во соопштението се наведува дека аеродромите привремено „не прифаќаат ниту испраќаат летови“, пренесува РИА Новости.

Причините за овие ограничувања не беа наведени.

Ограничувањата за користење на воздушниот простор беа воведени претходно на аеродромите во Волгоград и Астрахан, но сега се укинати, објавија прес-службите на овие аеродроми, соопшти агенцијата.

Би можело да ве интересира

Русија има цел список со услови за примирје

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

Русите зазедоа големи упоришта на вооружените сили на Украина

Украина: Сега целиот свет ќе види кој навистина сака мир

Песков: Не ја исклучуваме можноста за наскоро средба меѓу Трамп и Путин

Горан Наумовски

Руските трупи започнаа офанзива врз Суџа