Високиот суд во Лондон го заврши првиот ден од сослушувањето во врска со жалбата на основачот на Викиликс Џулијан Асанж против одлуката за негова екстрадиција во САД.
До судот најпрво се обратија адвокатите на Асанж, кои рекоа дека се работи за политички мотивиран случај, додавајќи дека на нивниот клиент му биле прекршени човековите права, јавува Би-Би-Си.
Тие истакнаа дека имаат докази за заговор на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) за убиство на Асанж за време на претседателствувањето на Доналд Трамп.