Адмиралот на НАТО призна зошто не ја испраќа војската во Украина

Од:

Претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, на самитот за одбрана во Чешка изјави дека, доколку Русија немаше нуклеарно оружје, НАТО одамна ќе испрател војници во Украина, објави магазинот „Military Watch“.

„Апсолутно сум сигурен дека ако Русите немаа нуклеарно оружје, ние одамна ќе бевме во Украина и ќе ги избркавме од таму. Ние би го направиле тоа, но тие имаат нуклеарно оружје“, рече Бауер.

Според него, она што ја разликува Русија од талибанците во Авганистан во борбата против силите на НАТО е нејзиниот нуклеарен арсенал.

Во медиумите се почесто се слушаат предупредувањата дека претстојат тешки години за холандскиот адмирал Роб Бауер, кој претседава со воениот комитет на НАТО.

Бауер постојано предупредуваше дека руската инвазија на Украина ќе има последици и за остатокот од Европа. Сепак, неговата воинственост има граница, тој призна дека се плаши од „атомска одмазда“.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски