„Адеврул“: Басеску и Џоана можни кандидати на Романија за генерален секретар на НАТО

Од:

Романскиот претседател Трајан Басеску и сенаторот од владејачката Социјалдеморкатска партија Мирчеа Џоана се споменуваат како можни кандидати на Романија за функцијата генерален секретар на НАТО, пишува весникот „Адеврул“.

Весникот, повикувајќи се на свои извори, нагласува оти голема е веројатноста дека Басеску ќе биде новиот генерален секретар на НАТО од април 2014 година. Мандатот на актуелниот генерален секретар Андерс Фог Расмусен истекува во август 2014, а номинациите за функцијата вообичаено се прават три или четири месеци порано.

Според романскиот сајт dcnews.ro Басеску бил поддржан од САД. Весникот додава дека ова го појаснува и постигнувањето на спогодба за политичко разбирање со премиерот социјаледемократ Виктор Понта, со што десноцентристот Трајан Басеску би сакал да покаже во странство дека е добар посредник.

Портпаролот на претседателот, Богдан Опраја ја демантираше оваа информација.

Од друга страна Дејмон Мак Вилсон, заменик-претседател на Атлантскиот совет (стратешка американска групација за спроведувањее на политиките на НАТО) објави на својот профил на Твитер фотографија, на која е заедно со Џоана, кого го карактеризира како „добар кандидат за должноста генерален секретар на НАТО“.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море