Абот најави учество на австралиските ВВС во воените удари против ИД

Од:

Премиерот на Австралија Тони Абот објави дека ВВС на државата ќе извршуваат воздушни удари врз позиции на радикалите од Исламска држава.

Пред две недели шест австралиски воени авиони беа испратени во ОАЕ како одговор на молба од САД за учество во меѓународната коалиција.

Воената операција во Ирак „може да трае долго, сигурно неколку месеци, а не недели“, изјави Абот.

Освен тоа околу 200 австралиски војници ќе бидат испратени во Ирак за советувањe на ирачката армија во борбите против екстремистите. На нив ќе им се придружат и 400 лица од австралиските ВВС.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски