Абиј Ахмед: Еритреја се согласи да ги повлече своите трупи од Тиграј

Од:

Премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед, денеска изјави дека Еритреја се согласила да ги повлече своите сили, само неколку дена откако за првпат го потврди нивното присуство во регионот Тиграј, јави ДПА.

Ахмед за ова тема разговарал со претседателот на Еритреја, Исаис Афверки, за време на посетата на главниот град Асмара, наведе во неговата изјава на Твитер.

-Еритреја се согласи да ги повлече силите и етипската војска веднаш ќе го преземе чувањето на граничните области, изјави Абиј.

Етиопија во ноември почна воена офанзива врз нејзиниот северен регион Тиграј за да ја намали моќта на Народниот ослободителен фронт Тиграј (ТПЛФ), кој ја имаше власта во регионот и беше критички настроен кон централната влада. Владата на Етиопија на почетокот на декември го прогласи конфликтот за завршен, иако и Обединетите нации и САД наведуваат дека и натаму има извештаи за судири меѓу страните.

Еритреја го оправдуваше присуството на своите трупи во конфликтниот регион поради „прашања од национална безбедност“, бидејќи етиопските војници се бореа против ТПЛФ во пограничниот регион, рече Абиј пред три дена.

Бројни политички аналитичари во меѓувреме изјавија дека еритрејските војници биле вклучени во конфликтот на покана од Абиј, со цел да ги поддржат етиопските сили, пренесе ДПА.

Хјуман рајтс воч и Амнести Интернешнл неодамна ги обвинија еритрејските трупи за сериозно кршење на човековите права.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

Тедрос: Мали се шансите да се спречи геноцид во Тиграј

Ана Ололовска

Бунтовниците од Тиграј се согласија на мировни разговори со етиопската Влада

Ана Ололовска

ТПЛФ подготвен за мировни преговори со Владата на Етиопија

Ана Ололовска

УНИЦЕФ го осуди етиопскиот воздушен напад врз градинка во бунтовничкиот Тиграј

Пилоти заспале на висина од 11.000 метри, контролата не можела да ги контактира

А1он