Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска изјави дека е можно Северна Кореја веќе да е способна да произведе ракети со нервниот гас сарин.
-Можно е Северна Кореја веќе да е способна да произведе боеви глави со сарин, рече Абе на седницата на јапонскиот Парламент.
Абе ова го изјави во време на растечка загриженост дека Северна Кореја наскоро би можела да ја изврши шестата нуклеарна проба или други ракетни проби, наведуваат британските медиуми.
Северна Кореја во сабота ќе ја одбележи 105-годишнината од раѓањето на својот основач Ким Ил Сунг, што е најголемиот национален празник, што во земјата е познат и како „Ден на Сонцето“.
Британските медиуми потсетуваат дека Северна Кореја годинава тестираше неколку ракети, од кои последната беше на 5 април.
Петиот нуклеарен тест Пјонгјанг го изведе на 9 септември минатата година.