Абе ниту потврди, ниту демантира дека го номинирал Трамп за Нобелова награда за мир

Од:

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе и неговиот портпарол денеска одбија да кажат дали Абе го номинирал американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, иако го пофалија Трамп за иницирањето преговори и смирувањето на тензиите со Северна Кореја.

– Согласно политиката на Нобеловиот комитет според која 50 години не се објавуваат имињата на номинираните и кандидатите, одбивам да ги коментирам таквите тврдења, изјави Абе на прашањето поставено во Парламентот.

Сепак ниту премиерот, ниту неговиот портпарол не ја демантираа изјавата на Трамп од петокот дека Абе го номинирал за Нобелова награда за мир. На прес-конференцијата во Белата куќа, Трамп рече дека јапонскиот премиер му ја предал „најубавата копија“ од номинацијата, напишана на пет страници.

Абе и денеска го пофали Трамп за, како што рече, одлучните чекори за решавање на нуклеарните и ракетните проблеми со Северна Кореја.

– Исклучително го ценам лидерството на претседателот Трамп, потенцираше Абе.

Јапонскиот весник „Асахи шимбун“„ вчера објави дека минатата есен Абе го номинирал Трамп за Нобеловата награда за мир, откако тоа било побарано од него од страна на американската администрација.

На страницата на Нобеловата фондација се наведува дека номинација за Нобелова награда може да поднесе која било личност, која ги исполнува критериумите за номинација, што вклучува и актуелни шефови на држави.

Според правилата на Фондацијата, имињата и други информации за неуспешни номинации не смеат да се откријат 50 години.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски