Поранешниот министер за надворешни работи на Авганистан, Абдула Абдула освои најмногу гласови (44,9 проценти) во првиот круг од претседателските избори во Авганистан и во вториот круг се натпреварува со вторпласираниот, економистот Ашраф Гани (31,5 отсто), покажуваат првичните резултати, објавени денеска.
Залмај Расул, близок до актуелниот претседател Хамид Карзаи, кој се смета за кандидат на власта, освои 11,5 отсто од гласовите, покажуваат резулатите објавени од Независната избирачка комисија.