Абас: Се уште е можен мир меѓу Евреите и Палестинците

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави денеска дека мир меѓу Израелците Палестинците е „се уште можен“, поздравувајќи ги напорите на американскиот државен секретар Џон Кери за оживување на мировните преговори.

Абас, во говорот на Светскиот економски форум во Јордан, ги повика Израелците да стават крај на окупацијата на палестинската територија, да се иселат од еврејските населби и да ги ослободат палестинските затвореници.

– Неодамна бевме сведоци на конкретни акции и видливи обиди за обнова на мировниот процес, истакна Абас, мислејќи на напорите на државниот секретар на САД, додавајќи дека „тие напори влеваат надеж“.

Кери вчера изјави дека неговите одвоени разговори со израелските и палестински лидери, во Ерусалим и во рамала на западниот Брег, за изгледите за оживување на директните преговори, биле многу продуктивни.

Обраќајчи се пред новинарите во Тел Авив, Кери рече дека апелирал на обете страни да се воздражат од провокативни акции кои ги назадуваат и наместо тоа да се фокусираат на напредокот во мировните преговори.

Тој апелираше на израелската влада да го спречи ширењето на еврејските населби каде што е можно и со тоа да придонесе за обнова на мировниот процес.

Кери, за разлика од другите високи американски претставници, не побара ширењето на населбите на Западниот брег целосно да се запре. Тој смета дека тоа спорно прашање може да се реши со брзо обновување на преговорите кои се во застој повеќе од четири години.

Палестинците одбиваат да се вратат на преговарачката маса се додека Израел не запре со градењето куќи за Евреите не само на Западниот брег, туку и во источен Ерусалим.

САД го поддржуваат ставот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху преговорите да почнат без поставување предуслови. Тој став повторно го истакна Кери, по два дена одвоени разговори со израелските и палестинските лидери во Ерусалим и Рамала.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

Израелски министер за создавање палестинска држава: Со еден збор – не

Горан Наумовски

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

ПЛО: Израел сака да ги истреби Палестинците во северниот дел на Појасот Газа

Горан Наумовски