Абас: При неуспех на Палестинците во ОН ќе се прекинат мировните преговори со Израел

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска изјави дека ако во Обединетите нации не се изгласа предлог-резолуцијата на Палестинците, тие ќе ги прекинат преговорите со израелската Влада.

– Ако поднесената предлог-резолуција за ставање крај на окупацијата не биде изгласана во Советот за безбедност ќе бидеме принудени да преземе неопходни политички и правни решенија. Во случај на неуспех повеќе нема да преговараме со израелската Вчада, која ќе биде принудена да ја преземе одговорноста како окупатор, посочи Абас.

Палестинците минатата недела до СБ на ОН поднесоа предлог-резолуција, со која се предлага да се постигне мировен договор со Израел во рок од 12 месеци и Израел да се повлече од окупираните територии пред крајот на 2017 година.

Абас посочи дека ќе бара враќање на бегалците и ослободување на сите Палестинци во израелските затвори.

– Палестина на крај ќе извојува својата независност и ќе биде независна држава со Ерусалим како глацвен град. Палестинската кауза во исто време е и клуч кон мирот и кон војната во Блискиот Исток, наведе Абас, кој е во посета на Алжир.

Би можело да ве интересира

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Генералното собрание на ОН треба да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации