Абас побара парична помош од Арапската лига

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас побара од Арапската лига да обезбеди помош од 100 милиони долари месечно, за да се покрие приходот од даноци, чиј трансфер Израел го запре поради одлуката на Абас да се приклучи кон Меѓународниот кривичен суд.

За време на состанокот со арапските шефови на дипломатии, денеска во Каиро, Абас исто така повика да се основа комитет за да се покрене нова иницијатива за резолуција на СБ на ОН за рокот за окончување на окупацијата на Израел, еден месец откако СБ отфрли сличен документ.

Приклучувањето кон МКС е дел од пошироката стратегија, чија цел е да се изврши меѓународен притисок на Израел.

Израел го замрзна месечниот трансфер од околу 120 милиони долари приходи од даноци кои ги собира во име на Палестинците, што ја принуди Палестинската управа да ја запре исплатата на плати за 153.000 вработени.

Би можело да ве интересира

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

Израелски министер за создавање палестинска држава: Со еден збор – не

Горан Наумовски

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина