Абас: На израелско-палестинските преговори беа отворени сите прашања

Од:

Сите прашања од конфликтот меѓу Израелците и Палестинците беа покренати при обновувањето на директните мировни преговори, изјави палестинскиот претседател Махмуд Абас.

-Не можеме да кажеме како минаа разговорите. Зборувавме за прашања што секогаш се на маса – границите, Ерусалим и населбите. Не можеме да кажеме дека сме постигнале напредок или дека не сме постигнале, затоа што уште сме на самиот почеток, рече Абас на заедничката прес конференција со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.

Бан Ки-мун ги повика двете страни да избегнуваат секакви дејствија, кои би можеле да ги попречат кревките мировни преговори, што се обновени по тригодишен застој.

Генералниот секретар на ОН изјави дека е збунет од градбата на еврејски населби на палестинска територија и дека тоа може на крајот да го осуети создавањето на палестинска држава, пренесоа американските медиуми.

Неодамна Израел ги соопшти плановите за изградба на повеќе од 3.000 нови еврејски станови.

-Многу сум загрижен од продолжувањето на доселничката активност на Израел на Западниот Брег, вкучувајќи го и Источен Ерусалим. Доселничкатата активност ја продлабочува недовербата на палестинскиот народ доколку Израел сериозно се стреми кон мир. Тоа на крајот ќе го направи решението за две држави невозможно, изјави Бан Ки-мун.

Би можело да ве интересира

Израелски министер за создавање палестинска држава: Со еден збор – не

Горан Наумовски

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

ПЛО: Израел сака да ги истреби Палестинците во северниот дел на Појасот Газа

Горан Наумовски

Макрон: Нетанјаху да се придржува до одлуките на ОН, телото што го создаде Израел

Десет лица загинаа во Газа додека чекаа ред за храна