Абас: На Газа и се потребни четири милијарди долари за обнова

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас апелираше денеска на учесниците на донаторската конференција во Каиро да даваат помош за обнова на Газа.

Абас упати апел до светот да го утврди рокот за повлекување на Израел од окупираната друга палестинска територија, Западниот Брег.

– На Газа и се потребни четири милијарди долари за рехабилитација и ние сме сигурни дека постои меѓународна и регионална волја да се направи тоа. На Појасот му се потребни значајни извори да се врати во нормала, реча Абас, додавајќи дека во последните три судири во Газа во изминатите шест години се разурнати над 80.000 објекти.

– Агресијата врз Газа не може да се толерира. Ние сите сме за затишје и работиме со Еѓипќаните, рече Абас на почетокот на собирот на кој се собраа претставници на околу 50 земји, но не и на Израел. Абас апелираше на таа земја да се врати на преговарачка маса.

Отворајќи ја донаторската конференција египетскиот претседател Абдел Фатах ал – Сиси оцени дека обновата на Газа зависи од трајното затишје меѓу Хамас и Израел.

Би можело да ве интересира

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

Нетанјаху: Договор засега не е постигнат

Најмалку 13 лица, меѓу кои две деца, загинаа во израелските напади врз Газа