Абас ја отвори палестинската Амбасада во Стокхолм

Од:

Шведскиот премиер Стефан Ловен и палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска во Стокхолм разговараа за патиштата за надминување на застојот во израелско-палестинскиот мировен процес по парламентарните избори во Израел, закажани за март, како и начините за борба со корупцијата на палестинските територии, пренесе ДПА.

Абас е во посета на Шведска, земјата која во октомври минатата година официјално ја призна државата Палестина, со што го разгневи Израел.

– Шведска сака да го види обновувањето на мировниот процес и затоа ги повикувам сите учесници во процесот да дејствуваат конструктивно,
рече Ловен на заедничката прес конференција по разговорите.

Абас одговори дека „не можеме да постигнеме мир доколку не седнеме на преговарчката маса“.

На прашањето кога ќе се одржат одамна одложените палестински претседателски и парламентарни избори, Абас рече „ние сакаме овие избори да се одржат, тие се важни и ние сме подготвени за нив во секое време, кога Хамас (движењето кое управува со секторот Газа) ќе биде подготевно“.

Двете земји денеска потпишаа петгодишен билатерален договор за шведска помош за Палестина во вредност од 1,5 милијарди круни (179 милиони долари). Договорот во себе вклучува и барање до Палестинците за зацврстување на демократијата, подобро почитување на човековите права и вклучување на жените во политичкиот и општествен живот, забележа шведскиот премиер.

Ловен додаде дека нема противречност меѓу поддржувањето на добрите односи и со Палестина, и со Израел.

За време на својата посета на Стокхолм Абас ја отвори палестинската
Амбасада и беше примен од кралот Карл Густав Шеснаесетти.

Би можело да ве интересира

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

Израелски министер за создавање палестинска држава: Со еден збор – не

Горан Наумовски

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина