Палестинскиот претседател Махмуд Абас го обвини денеска Израел дека поттикнува „религиозна војна“, дозволувајќи им на еврејски верници да го посетуваат спорниот Рид на храмот во Ерусалим.
Тој истакна дека посетите претставуваат провокација, а палестинските верници ќе го заштитат местото, кое е почитувано и од евреите и од муслиманите.
– Ние никогаш нема да се откажеме од Ерусалим како главен град на државата Палестина, нагласи Абас во својот говор по повод 10-годишнината од смртта на палестинскиот лидер Јасер Арафат.
Абас синоќа изјави дека посмртните останки на Арафат наскоро ќе бидат преместени во Ерусалим.