Абас им понуди помош на бегалците од Сирија

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас понуди прифаќање на лицата, кои бегаат од граѓанската војска во Сирија, а генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун го повика Израел да им обезбеди пристап на бегалците на територијата, која е под контрола на палестинската автономна власт.

Бан синоќа на прес-конференција изјави дека Абас побарал од него помош за преминувањето на палестинските бегалци до Западниот Брег и Појасот Газа. За пристигнување на бегалците до Западниот Брег потребна е согласнот од Израел, а во Појасот Газа тие би можеле да влезат и преку Египет.

Портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи изјави дека Израел се уште не добил официјално барање за ова прашање.

Според портпаролот Палестинците, кои бегаат од Сирија нема да се насочат кон Западниот Брег.

– Доколку е потребно итно ќе се посветиме на ова прашање, изјави портпаролот на израелското МНР.

Бан ги повика сите соседи на Сирија, меѓу кои и Израел да ги отворат своите граници со цел да обезбедат слободно движење на бегалците.

Околу 450 илјади Палестинци живеат во десет бегалски кампови на територијата на Сирија.

Би можело да ве интересира

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Генералното собрание на ОН треба да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации