Абас го повлече тврдењето за 50 холкаусти, вели дека мислел на израелските злосторства

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска го повлече вчерашното обвинување за извршени израелски 50 холокаусти, појаснувајќи дека неговата намера била само да ги нагласи „злосторствата“ извршени од Израел врз Палестинците низ годините.

Изјавата што Абас ја изнесе на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин наиде на критики во Израел, САД, Германија, а беше критикувана и од Шолц, кој и самиот наиде на серија критики затоа што молчел кога слушнал што рекол Абас.

По критиките, Абас во изјава пренесена од официјалната палестинска новинска агенција „Вафа“ потврди дека холокаустот е неспоредливо најгрозоморното злосторство во модерната човечка историја.

Како што е нагласено, „намерата на неговиот одговор не беше да ја негира уникатноста на холокаустот што се случи во минатиот век и тој најостро го осудува“.

Во соопштението се додава дека Абас зборувајќи за злосторства, мислел на злосторствата и масакрите извршени од израелските сили врз палестинскиот народ од создавањето на Израел.

„Тие злосторства не престанаа до денес“, се заклучува во соопштението.

Спорната изјава Абас ја даде како одговор на новинарско прашање по повод престојната годишнина од масакрот на ЛОИ во Минхен во 1972 година кога палестински милитанти убија 11 израелски спортисти и германски полицаец.

На прашањето дали планира да се извини на Израел и на Германија за нападот, Абас одговори со обвинувања за злосторствата што ги извршил Израел од 1947 година натаму, притоа употребувајќи го терминот „холокауст“.

„Ако сакате да го провериме минатото, само напред. Имам 50 злосторства што ги изврши Израел…50 масакри, 50 холкаусти“, рече Абас.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Абас: Убиството на Ханије е кукавички чин, тоа ќе ги искомплицира разговорите за крај на конфликтот

Абас: Нема да заминеме, ќе останеме на нашата земја

Горан Наумовски

Палестинскиот претседател ќе патува во Москва

Катерина Ѓуровски

Абас на средба со Ердоган

„Историска“ средба на палестинскиот претседател и лидерот на Хамас во Алжир

Абас со критика на „двојните стандарди“ на западните земји кон Украина и Палестина

Катерина Ѓуровски