Абас го обвини Израел за геноцидна војна

Од:

Палестинскиот лидер Махмуд Абас денеска го обвини Израел за водење на „геноцидна војна“ во Појасот Газа, истакнувајќи дека ќе побара да се покрене истрага за воени злосторства.

– Нема да заборавиме и нема да простиме и нема да дозволиме воените злосторници да ја избегнат казната, истакна Абас во обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации.

Во седумнеделната војна во Појасот Газа, трета за последните шест година, загинаа 2.140 Палестинци, од кои најголемиот број цивили.

– Израел годинава избра да води нова геноцидна војна против палестинскиот народ. Војната во Газа беше серија на апсурдни воени злосторства направени пред очите и ушите на целиот свет.

Би можело да ве интересира

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Генералното собрание на ОН треба да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации