Абас: Дводржавно решение не е можно со Нетанјаху

Од:

Дводржавно решение на блискоисточниот судир нема да биде можно со израелската Влада предводена од премиерот Бенјамин Нетанјаху, оцени денеска палестинскиот претседател Махмуд Абас.

– Изјавите на Нетанјаху против дводржавното решение и против палестинска држава се доказ, ако се точни, дека нема сериозност во идната израелска влада за политичко решение, што ќе доведе до формирање на две држави, истакна Абас, два дена по одржувањето на парламентарните избори во Израел, на кои партијата „Ликуд“ на Нетанјаху изненадувачки лесно победи.

Абас нагласи дека Палестинците ќе продолжат да „бараат меѓународен легитимитет“, алудирајќи на обидите да постигнат државност преку ОН и други меѓународни тела.

Би можело да ве интересира

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Генералното собрание на ОН треба да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации