Абади побара стопирање на референдумот за независност на Ирачки Курдистан

Од:

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади денеска официјално побара од Ирачки Курдистан да го стопира организирањето на референдумот за независност, што е закажан на 25 септември.

Во меѓувреме, ирачкиот Врховниот суд нареди стопирање на организирањето на референдумот се додека не се разгледаат добиените жалби, во кои се тврди дека плебисцитот е противуставен.

Според неименуван извор најмалку осум пратеници – шиити и Туркмени поднеле жалба против референдумот.

Уставниот суд е задолжен за уредување на споровите меѓу централната Влада и регионите, вклучително и Курдистан, но нема средства да наложи исполнување на наредбата во курдскиот регион, кој има сопствена полиција.

Би можело да ве интересира

ПКК ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Анкара

Горан Наумовски

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски