За 20 години можно е 40 отсто од Бангкок да биде под вода

Од:

Поголем дел од Бангкок можно е да биде под вода во следните 20 години ако глобалното загревање продолжи да се зголемува со сегашното темпо, бидејќи нивото на морето расте, а циклоните се се посилни, соопшти Светската банка во извештај.


Поплавување на 40 отсто од главниот град на Тајланд е само едно од десетиците негативни последици што може да се случат, наведува СБ ако се зголеми температурата за два степена Целзиусови.


Тоа според нив, може да се случи во следните 20 до 30 години.


Извештајот се базира на претходна студија на СБ објавена лани во која се вели дека до 2100 година е можно зголемување на температурите за 4 степени Целзиусови.


Извештајот е посебно фокусиран на се повисоките температури во земјите во развој во субсахарска Африка и јужна и југоисточна Азија каде живее најголемиот дел од светското население.


Имено, посевите на пченка, ориз и пченица тешко се прилагодуваат на потопла клима што може да предизвика до 2050 година од 24 до 90 отсто од населението во субсахарска Африка да биде неухрането. Екстремните горештини ќе се зголемуваат во Азија, а суша може да погоди северозападна Индија, Пакистан и Авганистан и да се намали расположливата вода за пиење.

Би можело да ве интересира

Макрон за средбата во Ријад: Трамп може повторно да започне корисен дијалог со Владимир Путин

Трамп по разговорите со Русите: Рејтингот на Зеленски е 4 проценти, мора да оди на избори

Маск сподели видео од Лавров и го пофали: Вака изгледа компетентно раководство

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

Путин и Трамп ќе се сретнат на крајот на февруари

Предраг Петровиќ