Деветмина странски туристи и нивниот туристички водич Пакистанец загинаа, кога група вооржени лица нападнаа еден хотел во провинцијата Гилгит-Балтистан во северниот дел на Пакистан.
Меѓу убиените странци има петмина Украинци, тројца Кинези и еден Русин.
Локалната полиција соопшти дека вооружените напаѓачи упаднале во хотелот и почнале да пукаат кон гостите.
Досега, никој не презеде одговорност за нападот.