Во напад на исламистичката група Боко Харам на североисток во Нигерија загинале најмалку 87 луѓе, соопштија локални официјални претставници.
Екстремистите биле маскирани во униформи на нигериската армија и запалиле голем број згради во нападот што се случил во вторникот навечер, јавуваат денеска западни медиуми. Бунтовниците поставиле и контролни пунктови и убивале возачи кои се обидувале да побегнат.
Инцидентот се случил во североисточната држава Борно од каде од мај се во прекин телефонските линии заради вонредната состојба во тој дел од државата.