80 години затвор за тинејџер кој си ги уби мајката и сестрата

Од:

Тинејџер од Западна Вирџинија е осуден на две затворски казни од 40 години за убиство на својата мајка и сестра, откако судијата ги одби неговите барања за помала казна. Конор Кроу (16) се изјасни за виновен за две точки од обвинението за убиство во ноември минатата година, откако се откажа од правото да му се суди пред судот за малолетници.

Кога во септември 2020 година ја уби мајка си Мелиса Роуланд (39) и неговата 15-годишна сестра Медисон, имаше само 13 години. Неговите адвокати побараа пократка казна врз основа на неговата возраст, но судијата Џејсон Куомо му одреди максимална казна, јавуваат американските медиуми.

„Сакам да ве потсетам дека вашата сестра имаше 15 години кога ја убивте“, му рече Куомо на Кроу.

„Таа беше помлада од тебе сега, а ти немаше почит кон неа, ја осуди на смрт. Твојата сестра би завршила средно училиште, пред околу една или две недели. Никогаш нема да добие шанса да оди на факултет. Таа никогаш нема да оди по патека со нејзиниот татко и да се омажи или да има свои деца. Ти и го одзеде тоа. Не и дадовте шанса да направи нешто од себе, но барате од мене да го сторам тоа за вас“ изјави судијата.

Откако ги уби мајка си и сестра си, Кроу истрча од куќата и за тоа обвини странец. Обвинителот Стивен Драгисиќ рече дека нема докази дека некој насилно влегол или побегнал од домот.

„Останува фактот, тој знаеше дека тоа што го прави е погрешно“, изјави Драгишиќ пред судот и додаде:

„Тој претходно размислуваше за тоа и знаеше дека е погрешно. Се предомисли, но сепак го направи тоа. И тогаш се сети на одбраната. Олеснителните околности се минимални во споредба со она што се случи во неговата состојба на свест“.

Кроу може да има право на условно ослободување по 15 години. Тој ќе остане во затвор за малолетници додека наполни 18 години, по што ќе биде префрлен во затвор за возрасни.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел