75 крокодили избегаа од поплавена фарма во Кина и слободно шетаат низ град

Од:

Градските власти во јужниот дел на Кина Маоминг ги повикаа жителите да се држат настрана од водите додека се обидуваат да лоцираат и фатат десетици крокодили кои избегале од фарма за време на поплавите. Сијамски крокодили, меѓу кои 69 возрасни и 6 бебиња, се потврдени како исчезнати по невремето што го погоди суптропскиот град во саботата и неделата.

Властите „се обидуваат да ги држат работите под контрола, но бројот на избеганите крокодили е малку превисок“, соопшти регионалната канцеларија за итни случаи, според Вашингтон пост. На жителите на јужниот кварт Маонан во градот, главна база за аквакултура на слатководни води, каде што се наоѓала крокодилската фарма, им било кажано да останат внимателни и да избегнуваат излегување, особено да се држат подалеку од реки, езера и акумулации.

Видеата објавени на Douyin, кинеската платформа на TikTok, покажуваат како крокодили се движат по поплавен пат околу езеро во Маоминг. Официјален претставник на градскиот оддел за итни случаи, кој сакаше да остане анонимен, потврди дека се пронајдени повеќе од десетина избегани крокодили, но дека „повеќе од 50 можеби се уште се на слобода“.

За потрагата се мобилизирани полицајци, пожарникари и итните служби со опрема за подводни сонари, а повеќе екипи патролираат на моторни чамци. „Не сме сосема сигурни каде се“, нагласи полицаецот што учествува во потрагата.

Предупредувачки знаци се поставени околу поплавените фарми. Маоминг и пошироката провинција Гуангдонг беа погодени од два тајфуни за две недели, а Саола и Хаикуи направија хаос низ Тајван и јужна Кина. Во одроните предизвикани од силните дождови во неделата и понеделникот загинаа најмалку седум лица во соседниот регион Гуангкси, објавија денеска државните медиуми.

Маоминг има некои од најголемите фарми за крокодили во земјата, со капацитети за производство на кожа од крокодил во околните градови. Месото од крокодил е исто така локален деликатес. Одгледувањето и трговијата со живи крокодили е дозволено според кинескиот закон, а случаите на бегство на одгледувани влекачи не се невообичаени.

Во 2013 година, крокодилите избегале од фарма во истиот град, откако бодликавата жица околу фармата зарѓала и станала кршлива поради долготрајните поплави. Два месеци подоцна, неколку десетици крокодили избегаа од заграден простор во градот Шанту по поплава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Не ја обвинувам Кина, ги обвинувам тие пред мене зошто биле глупави, вели Трамп

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кинезите објавија воен говор на Мао Це Тунг: Никогаш нема да попуштиме

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

Трамп: Одлично време е да ја преселите вашата компанија во САД

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Кина одговори: воведе царини од 84 отсто на стоки од САД