Либиската Црвена полумесечина соопшти дека водата исфрлила тела на 74 мигранти на брегот кај западниот град Завије на Средоземното Море.
Портпаролот на хуманитарната организација, Мохамед ал Мисрати изјави дека телата се пронајдени на брегот денеска изутрината.
Тој истакна дека се уште не се познати околностите под кои мигрантите се удавиле.