657 заразени со коронавирус во најголемата кланица во Германија

Од:

Регионалните власти во западната германска област Гитерсло соопштија денеска дека бројот на заразени со коронавирус во најголемата кланица во земјата се зголемил на 657 лица.

Досега се тестирани 983 работници во кланицата на компанијата „Тенис“ (Toennies) во местото Реда-Виденбрик, а од нив само 326 биле негативни.

Веднаш е добиен налог за затворање на кланицата, како и задолжителен карантин и тестирање на сите кои работеле во комплексот, со што околу 7.000 луѓе се ставени во изолација.

Локалните власти одлучиле од утре да ги затворат училиштата и градинките во тој регион до почетокот на летниот распуст кон крајот на месецов, но одлучиле да не воведуваат пошироки рестриктивни мерки.

Порастот на бројот на заразените во кланицата го зголеми бројот на инфицирани во тој регион над пропишаниот праг за воведување вонредни мерки, а тоа е 50 новозаразени неделно на 100.000 жители.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он