6.000 евра пензија за Вацлав Клаус

Од:

Чешкиот претседател Вацлав Клаус, нема да има финансиски проблем, како многу пензионери, по 7. Февруари, кога му завршува мандатот и заминува во пензија.

Тој ќе ќе има пензија од 6.000 евра и редовно обезбедување, јави дописникот на МИА од Прага.
Пензијата на Клаус, се состои од доживотна рента од 2.000 евра месечно, исто толкава сума како надомест за репрезентација и класична пензија од околу 2.000 евра.

Клаус веќе го чека канцеларија во Институтот кој го носи неговото име, а кој е финансиран од најбогатиот чешки стопанственик Петр Келнер, а како што самиот најави економската кариера ќе ја продолжи и како соработник на угледниот американски Институт „Кејто“.

Институтот, со седиште во Вашингтон, се занимава со прашања од областа на слободниот пазар и економската политика. Единствено е неизвесно дали ,,вечниот евроскептик” ќе остане во политиката, со оглед на тоа што неговата популарност во јавноста значително се намали откако на почетокот на годината прогласи амнестија, која опфати над 20.000 лица.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица