580 нови случаи на Ковид-19 во Шпанија, властите го вклучија алармот

Од:

Во Шпанија денеска се регистрирани 580 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, што е најголем скок во бројот на нови случаи во последните два месеца.

Претходниот ден беа потврдени 390 нови случаи, а повеќето од нив беа во регионите на Арагон и Каталонија.

Шпанија ги укина рестриктивните мерки на 21 јуни, и оттогаш избија повеќе од 170 локални епидемии, претежно во Каталонија, каде бројот на новозаразените е 142. Во Арагон на истокот на земјата, бројот на нови случаи е 266, соопшти Министерството за здравство.

Здравствените власти на Каталонија објавија дека бројот на новозаразени лица се зголемил на 1.293, што е најголем од 18 мај. Бројот на заразени лица во Каталонија се зголеми тројно од минатата недела.

Воведени се ограничувања во некои делови на Каталонија, а официјалните лица најавуваат дека ќе треба да се преземат мерки и во Барселона.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени